Министерот за земјоделие Љупчо Николовски познат како Љупче Путер најавува дека ќе испишува историја со Здравко Чолиќ.
Министерот најавува настан во неговиот роден град Крива Паланка на кој според него ќе се испишува историја но не дава детали за историјата која ќе се испишува.
Настанот го организира локалната самоуправа.
,,🥳10 години Joyfest евент кој со нетрпение сите го очекуваме. Zdravko Colic Nokaut NK DNK #Fiction Galoski и многу други, ќе се погрижат да го задржиме позитивното расположение, и насмевката на лицето.
💯По повод општинскиот празник Св. Јоаким Осоговски, од 27 до 29 август, Крива Паланка ќе биде центарот и ќе блесне со сиот урбан и модерен потенцијал, по теркот на најдобрите светски фестивали.
🎙На 28 август конечно голем балкански концерт за сите генерации на мега ѕвездата Здравко Чолиќ.
Граѓанките и граѓаните заслужуваат да испишеме историја.
Бидете таму, Ве очекуваме😉”, пишува Николовски во најавата на настанот на кој според него ќе се испишува историја.
Здравко Чолиќ десетина пати годишно е гостин на слични настани низ Македонија и за тоа е одлично платен.