Адвокатот и член на раководството на Твоја партија Александар Тортевски ја анализира листата за помилувања испратена до претседателот Пендаровски која беше потоа повлечена.
На листата имаше контроверзни личности како Александар Василевски Нинџа кој беше сведок против осудените во двата случаи за 27 август но и други лица.
По реакцијата на јавноста за Нинџа Маричиќ не дал нова листа со што сите предходни кандидати го загубиле уставното право на помилување за оваа нова година.
,,Чекај сега, Маричиќ се обидел да протне неколку “свои” помилувања за кои јас мислам дека се по налог на “црепот”во заминување? Тоа не им успеало и сега никој нема да добие помилување за Нова година? Правото на помилување е со устав загарантирано и не смее да зависи од Маричиќ”, анализира искусниот правник и кривичар Тортевски.
Чекај сега, Маричиќ се обидел да протне неколку “свои” помилувања за кои јас мислам дека се по налог на “црепот”во заминување? Тоа не им успеало и сега никој нема да добие помилување за Нова година? Правото на помилување е со устав загарантирано и не смее да зависи од Маричиќ.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) December 27, 2021