Министерот за правда, Кренар Лога, најави дека ќе поднесе ново барање за испорачување на Груевски во кое ќе наведе дека ќе му се суди уште за девет кривични дела.
Одбивањето на Унгарија да го екстрадира Груевски, и на Грција да го екстрадира Никола Бошковски, според него се недозволиви.
На првиот брифинг со новинарите откога е на оваа функција, Лога го понуди таканареченото Хашко оделение во Шуто Оризари, за притвор или за затвор, на Никола Груевски доколку биде екстрадиран или реши да се врати во земјата.
Министерот рече дека ќе ги повика унгарските власти да дојдат со свои преставници во земјата, да разговараат и ако треба, покрај Хашкото одделение, може да им исполни и други услови ако имаат.
УИнаку, „Хашко одделение“ по реновирањето се смета за најпристоен дел од затворот во Шуто Оризари.
