Министерот за корупција со видео од 3 секунди со 300 метри пат се фали за 18 километри

Министерот за корупција во владата на Заев Љубомир Николовски на социјалните мрежи се пофали со реконструкција на пат долг 18 километри.

“Заврши реконструкцијата на патниот правец Крупиште – Пробиштип, со должина од 18 км!

Работиме, реконструираме и инвестираме во патната инфраструктура низ целата земја”, напиша Николовски.

Но на видеото кое трае нецели 3 секунди и кое е невообичаено забрзано се гледаат само неколку стотини метри од патот за чија реконструкција се пофали Николовски.

Интересно е што видеото е направено со дрон кој што наместо само во висина можел слободно да се движи над патот за да се види поубаво зафатот на владата каде Николовски не е министер за транспорт туку за борба со корупција.

Дел од следбениците на Николовски имаат повеќе забелешки и прашања на неговиот ТВИТ но тој не дава објаснувања.