(ДПЛ) Ја покренал ли министерот Спасовски истрагата за случајот „Пасоши за мафија“

Според брифингот на МВР за дел од медумите полицијата денеска уапсила повеќе лица за издавање на македонски пасоши за меѓународни криминалци.

Во брифингот од МВР во обид да се претстави дека министерот Оливер Спасовски води реална борба со криминалот се вели дека информациите обелоденети вчера од ВМРО-ДПМНЕ за скандалот “Пасоши за мафија” имале за цел да направат штета на акцијата која МВР заедно со американската канцеларија за истраги ја водело повеќе од една година.

Ако се анализира времето за кое брифира МВР се исклучува можноста акцијата да е покрената од министерот Спасовски затоа што тој пред една година не го водеше МВР туку беше технички премиер.

Од јануари до август 2020 Спасовски не беше министер во МВР кое до изборите го водеше Наќе Чулев што значи дека според брифингот на МВР кое го води Спасовски тимот на Чулев ја покренал истрагата за случајот “Пасоши за мафија”.

Со тоа пропаѓа обидот на Спасовски и врвот на МВР да го обвини ВМРО-ДПМНЕ уривање на акција на министер кој е назначен токму од оваа партија.

Во брифингот на МВР за дел од медиумите не се открива зошто МВР не покренала истрага за “Пасоши за мафија” до лани додека Чулев не го презел министерството иако имало информации дека вакви пасоши биле издавани од декември 2017 година, шест месеци откако СДСМ доаѓа на власт а Спасовски станува министер во МВР.

Од доаѓањето на Чулев на местото министер до сега има една година и 3 месеци.

Ова покажува дека Спасовски цели две години молчел за издавањето на пасоши за мафијаши а истрагата според тоа што го брифираше МВР ја покренал техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев.

Потоа откако се вратил во МВР додека Спасовски бил министер познати нарко босови слободно се сликале во полициски станици и со македонски пасоши шетале низ регионот а Спасовски не презел ништо се додека ВМРО-ДПМНЕ не го објави скандалот вчера.

Доколку сакале како што тоа го сторил Чулев, за покренување истрага или за апсење на МВР и Спасовски не им се потребни меѓународни истражни органи како Канцеларијата за истраги при американската амбасада која денеска МВР ја вметна во својот брифинг за медиумите.

Првичната верзија на на овој текст е променета по брифингот за Телма од одделението за организиран криминал во МВР и Скопското обвинителство од каде се тврди дека истрагата е започната пред 14 месеци односно во последните денови кога Спасовски бил министер.

Во брифингот од ОЈО и ООК не се прецизира кој ја почнал истрагата.

Втората верзија на овој текст е променета откако вечерва Спасовски изјави дека истрагата е почната пред две години и дека завршила денеска кога се собрани сите докази

МВР немало координација туку поддршка од амбасадата на САД, Спасовски бара прогон на Мицкоски за саботажа