Министерот за правда Никола Тупанчевски кој ќе настрада во партиската трговија со која Ковачевски ќе ја внесе Алијанса за Албанците во владата даде изјава која суштински го отсликува профилот на владата.
Тупанчевски кој не може целосно да ја скрие разочараноста што по само една година е отфрлен од владата за да се направи место за Алијанса на циничен начин ја опишува естрадната владина коалиција шеговито наречена “Пазар3”:
“Беше лиферувано дека Министерството за правда ќе биде едно од министерствата кое ќе биде ставено на ‘Пазар 3’, фигуративно кажано, ќе биде на берза, во однос на одредени рокади, односно замени на министерските места. Апсолутно и јас како министер, но и Министерството за правда не сме оптоварени со овие работи”, изјави Тупанчевски.
Откако неговото министерско место го доби Алијансата за Албанците Тупанчевски се враќа на Правниот факултет во Скопје.