Министерот Шаќири ѕвезда во новата влада на Заев – станал професор на 21 година!

Јетон Шаќири е ѕвезда во новиот владин кабинет на Зоран Заев, според реакциите на социјалните мрежи.

Кај твитерџиите не помина незабележан деталот од неговата биографија – станал професор на 21 година, а веќе на 33 е нов министер за информатичко општество и администрација!

Стружанецот роден на 17 март 1987 година, од 1 септември 2008 година почнал да предава на Факултетот за економски науки при Меѓународниот универзитет во родниот град, веднаш откако дипломирал на Државниот универзитет во Тетово (2005-2008).

И тоа не е сè: во 2010 година станува магистер по економски науки на споменатиот универзитет во Струга, а во 2016 година докторира на Економскиот факултет при Универзитетот во Тирана!