Министерот Османи денеска во Косово

Министерот за надворешни работи и воедно претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи денеска престојува во Приштина, каде ќе се сретне со високи претставници на косовските институции.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека Османи ќе се сретне со претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу и премиерот Албин Курти, како и со вицепремиерката и министерка за надворешни работи Доника Гервала Шварц.

На средбите ќе зборуваме за поддршката од страна на ОБСЕ за реформските постигнувања на косовските власти. Приштина треба целосно да ја искористи експертизата и ресурсите на Мисијата на ОБСЕ за унапредување на реформите и зајакнување на меѓуетничките односи и безбедноста, напуша МНР Осомани на Фејсбук.