Министерката за одбрана 18 август го посвети на човекот кому бугарските фашисти му корнеа нокти и му кршеа коски.
Во својот говор по повод денот на Армијата министерката Славјанка Петровска го спомена Мирче Ацев чие име го носи првата македонска регуларна воена единица кој настрада во бугарско заробеништво.
Во 1943-та, на ДЕНЕШЕН ден 18 август, на Славеј Планина е формиран Батаљонот „Мирче Ацев“. Во овој батаљон влегле војници од одредот „Дамјан Груев“, одредот „Димитар Влахов“ и одредот „Ѓорче Петров“.
Батаљонот формиран на денешен ден пред 80 години се нарекува „Мирче Ацев“ во чест и спомен на херојот Мирче Ацев, брат на херојот Вера Ацева, антифашист кој заедно со Страшо Пинџур се убиени од бугарскиот фашистички окупатор после страшно мачење.
Сведоштва за мачењето и убиството на Мирче Ацев дава во началникот на тогашната бугарска државна безбедност Љубомир Јорданов.
Таму стои:
“Мирче Ацев одби да даде какви и да било податоци за својата дејност, па поради тоа го тепавме за да изнудиме од него признание. На неколку наврати беше жестоко тепан по табаните. Нозете му беа ужасно отечени… Се чудев како може да поднесува толкаво тепање без збор да каже. Тој беше затвореник кој беше најмногу мачен, а се покажа најцврст. Едвај одеше и ми рече дека повеќе ништо не чувствува во нозете, бидејќи му беа претепани. За сето време додека беше тепан не викаше, не испушташе ниту еден збор.“
Потресно сведоштво за ѕверствата на бугарскиот фашистички окупатор дава и неговата тетка, кај која завршило неговото тело, бидејќи и неговите родители биле интернирани од полицијата:
Таа вели: „Полицајците му забодувале шајки под ноктите на прстите, тие му останале полупресечени. Ноктите од прстите на рацете воопшто му ги немаше. Распарчен е на делови, со откинати меса, искршени коски и косата му била кубана, па останала една сламка. Вилицата и главата му се искршени. Неговите нозе беа соголени до коски од кожата која е вадена во мачењето. Прстите на нозете му беа искасапени. Сиот беше здробен.“
Посветата на Денот на армијата на човекот кој беше ѕверски убиен од бугарските фашистички окупатори на 16 минута од видеото на МИА.