Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска сепак имала што да облече за церемонијата на Благодатниот оган во Ерусалим кога на важниот верски настан контра сите црковни протоколи се појави со фармерки до глуждови.

Тие што помислија дека министерката нема поелегантна и поконзервативна облека како за во верски објект се демантирани на најновиот настан во странство на кој учествуваше Костадиновска Стојчевска.


На патување во Виена министерката е облечена онака како што требало да биде облечена во Ерусалим.

,,Искрени разговори со пријателите и медиумите пред отворање на изложбата “No feeling is final.” со дела од вредната колекција на Музејот на современата уметност од Скопје тука во престижниот простор Кунстхале, Виена”, пишува Костадиновска Стојчевска која на ова патување е облечена ,,до гуша” иако токму за оваа прилика каде што се промовира модерна уметност можела да замине во фармерки.

Дали Костадиновска на овој начин сака да го прикаже нејзиниот однос кон религијата и црквата и уметноста е прашање на кое ќе може да одговори во некоја следна прилика.

Како била облечена министерката во Виена на овој линк

https://fb.watch/k1SEfhyrUN/?mibextid=Nif5oz