Не потраја долго честитката од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за Денот на ослободувањето на Битола 4 ноември, воедно и „78-ми роденден“ на нејзиниот роден град, како што стои во објавата на Фејсбук што набрзо исчезна.

Битола е еден од најстарите градови во Македонија, основан како Хераклеа Линкестис во средината на 4. век пред нашата ера од древномакедонскиот крал Филип Втори Македонски, татко на најголемиот војсководец во историјата Александар Македонски.


Принтскрин од постот за „подмладениот“ град на конзулите за речиси 2,5 милениума: