Министерката за образование и наука Мила Царовска во порака на социјалните мрежи употреби голема буква на место каде што според македонската граматика треба да стои мала.
Наместо светите Царовска Кирил и Методиј ги напиша Светите.
“Со промоција на првиот инклузивен буквар “Буква по буква азбука” го одбележуваме 24. Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј. Со посветена работа и реформски процеси во образованието, обезбедуваме образование за секое дете.
На овој начин ја продолжуваме нивната мисија – да размислуваме и да дејствуваме, без предрасуди, да ги негуваме нашите вредности и да ги почитуваме другите”, напиша Царовска.
И покрај реакциите од граѓани таа не го смени постот.