Министерката да не бара туку сама да понесе одговорност

Пратеничката Велика Стојкова – Серафимовска која е експерт за заштита на нематеријално културно богатство од министерката за култура Ирена Стефоска
бара бара самата да преземе одговорност а не да изразува незадоволство од заштита на статусот на Охрид како град на УНЕСКО.

Министерката пред неколку дена изрази незадоволство од преземените и спроведените активности за заштита на Охрид од што зависи дали градот ќе го задржи статусот на заштитено културно богатство.

“Кога министерката Ирена Стефоска вели дека не е задоволна од локалната и централната власт (на која припаѓа) и бара одговорност, прашувам:
Каде е нејзината одговорност?!
После 1 година разочарување време е за ОСТАВКА!
Или пак Ќе прости ЗЗ?
Жив срам не изеде!”, пишува Стојкова – Серафимовска користејќи го хаштагот
#ОставкаЗаСпасНаОхрид