КОЈ ЛАЖЕ СЕГА, МИЛА ЦАРОВСКА ИЛИ ПЕНЗИОНЕРКАТА ТОДОРОВСКА?
Ова е прашањето што на социјалните мрежи го упатува Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит кој по логичка анализа утврдил дека некој лаже во изјавите поврзани со судскиот случај Меѓународен сојуз.
Илиевски ги објавува сите (не)логични изјави за случајот:
>> 23 јули 2020, Боки 13 на судење за Меѓународен сојуз: „Царовска ја упати пензионерката Тодоровска кај мене“
>> 23 јули 2020, Царовска во официјален демант: „Демантирам, не ја познавам госпоѓата за која зборува Боки, ќе преземам правни мерки за нарушена чест и углед“
>> 24 март 2021, пензионерката Тодоровска на судење за Меѓународен сојуз: „Во 2017 по основ на лично познанство со министерката Мила Царовска јас отидов во труд и социјала да ја потсетам за проектот, таа го знаеше, таа тогаш ми посочи ден и место каде ќе се основа Меѓународниот сојуз.“
“Ако претходно најави тужба за клевета против Боки, прашањето е дали Царовска најави дека ќе преземе правни мерки за нарушена чест и углед и кон пензионерката Тодоровска, за која претходно рече дека не ја познава, а која вчера сведочеше дека се знаеле со Царовска и контактирале во врска со Меѓународниот сојуз на Боки?”, пишува Илиевски кој објаснува дека Тодоровска е пензионерката која имала идеја за некакви старечки домови, за која се пишуваше дека на име авторско право од инвеститор биле уплатени огромни пари (преку 700 000 евра), која таа ги извадила од сметка и завршиле во некоја непозната торба.
Царовска која тогаш беше министерка за труд и социјала а сега за образование се уште нема реакција за Тодоровска.
Ако Царовска ја тужи Тодоровска на рочиштето ќе се соочат вербални аргументи но и фотографии од средби кои точно ќе утврдат кој лаже.
Ако Царовска не тужи тогаш таа индиректно ќе признае дека сепак лобирала за членови на Меѓународниот сојуз на криминалецот Боки 13.