Министер поднесува оставка на Заев, а не на Џафери, вели проф. Давитковски

Професорот од правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски, реагира на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој побара министерот за здравство и неговиот заменик до врорник да поднесат оставка во Собрание.



„Оставка се поднесува до мандаторот кој вас ве предложил. Нема што министерот да му поднесува оставка на спикерот Талат Џафери. Заев е мандатар, тој форимирал влада, а Филипче е тим од владата.

Ако ја прифати премиерот оставката, на негово место ќе предложи друг за кој потоа ќе се изјасни Собранието. Собранието само гласа тоа што ќе му предложи мандаторот“ – вели професорот.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ може да поднесе барање за разрешување на министерот, но мора убаво да ги образложат причините по кои Собранието ќе расправа и сето тоа пак ќе се сведе на интерпелација. „Ваквите изведби на ВМРО-ДПМНЕ се игри за ситни политички поени. Правилата се јасни“ вели професор Давитковски.