Томислав Момировиќ, министер за градежништво на Србија денеска тргнал на свадба кај неговиот македонски колега и пријател Благоја Бочварски во Скопје. Разочаран од она што му се случило на граничниот премин Табановце, на српско-македонската граница тој на Твитер напиша: „На границата чекав повеќе од еден час. Тоа е неприфаливо, потребен ни е Отворен Балкан“.