Министер на ДУИ или адвокат на кланот Ахмети, што ли мисли Бектеши со поканата до Мицкоски за фирмата на синот на Али?

Државната информативна агенција МИА која е под контрола на владата на СДСМ и ДУИ објавува јавна покана на министерот за економија Крешник Бектеши до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски која нема никаква врска со работата на владата туку со индициите за корупција на приватни и партиски субјекти блиски на кланот Ахмети.

Бектеши во јавната покана го кани Мицкоски да ја посетат компанијата на синот на Али, Шкумбин Ахмети во Кичево.

Министерот за економија Крешник Бектеши во јавната до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повикува и новинари да одат да ја посетат компанијата на синот на претседателот на ДУИ Али Ахмети, Шкумбин Ахмети.

Министерот за економија од ДУИ кој не е ниту адвокат ниту правен застапник на синот на Ахмети најавува дека таму јавно ќе бидат презентирани сите документи што работела неговата фирма од денот на основање до овој момент.

Колкава е нервозата во ДУИ што министер за економија го кани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на презентација на работа на приватна фирма на синот на партискиот шеф Ахмети, може лесно да се заклучи.

Ако владата навистина имаше вицепремиер за добро владеење а не само фиктивна вицепремиерка со истиот назив (Славица Грковска) досега ќе го повикаше Бектеши да ја работи својата работа како министер наместо да врши приватни работи за својот партиски шеф во работното време за кое зема над 2200 евра плата.