„Џабе доаѓате, кај чинарот ќе се гради. Договорено е со Зоран Заев и Костадин Георгиевски. – со овие зборови инвеститорот Нефи Усеини (советник на ДУИ во Општина Охрид и инвеститор на дивоградбата кај Чинарот) вчера им се обратил на инспекторите и обвинителот кој отишле на лице место за да ја стопираат дивоградбата, дознава „Лидер“,

Усеини гради дивоградба крај 1.000 годишниот чинар, но и покрај незаконитото градење, очигледно има поддршка од премиерот Зоран Заев, но и од В.Д градоначалникот на Охрид и кандидат на СДСМ за локалните избори, Костадин Георгиевски.

Според МВР, инвеститорот на дивоградбата кај Чинарот и советник во Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ, вербално нападнал инспектор од Скопје, кој сакал да изврши инспекциски надзор на дивоградбата кај

Дивоградбата кај Чинарот за која Усеини нема потребни дозволи, кои треба да бидат издадени од Општина Охрид, и по еден месец од решението за уривање, остана недопрена од надлежните служби.

И кога е во прашање изградбата на минарето, се чини во Охрид не важи законот.

И покрај времената мерка со која се стопираше изградбата на минарето на Али Пашината џамијата во Охрид, помеѓу двата изборни кругови на изборите, интензивно се гради.

“Лидер” дознава, дека поради политички договор за албански гласови, В.Д. градоначалникот на Охрид и кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ Константин Георгиевски – дозволува минарето да се гради.

Извор: Лидер

https://www.facebook.com/ekonomskilider/videos/300438177523406/