Милошоски: Заев знае кога Јанева ќе излезе од Шутка!?

“Заев најави дека за десетина дена Јанева од Шутка ќе се префрли во куќен притвор. Како може премиерот да ги знае одлуките на Судот пред да бидат донесени”, запраша Милошоски изнесувајќи став за последната лидерска средба, пренесува „Сител“..

Милошоски вели дека на лидерската средба, власта првично се согласила опозицијата да го предложи шефот на новото обвинителство за организиран криминал, но кога било побарано ова обвинителство да го преземе случајот Рекет преговорите пропаднале.