Пратеникот Антонио Милошоски вели дека е добро што премиерот Зоран Заев призна дека бил во контакт со адвокат на притворената Јанева и поставува неколку прашања:
„Прво, во кое својство премиер на држава, кој не ни обвинител, ни судија, во екот на најголемиот скандал на правосудството во историјата на Македонија, е во контакт баш со адвокатот на осомничената рекетарката и зошто со неа разговарале за мерките за обезбедување притвор или куќен притвор за Катица Јанева?
Второ, од каде доаѓа потребата на адвокатката Ирена Фрчкоска да го извести токму премиерот Заев за тоа кои чекори ќе ги превземе осомничената Катица Јанева?
И трето, дали оваа блиска координација на адвокатката и премиерот е во улога на „консилиере” на групата за “Рекет” и кој е тука главниот“, напиша Милошоски пренесува Плусинфо
Претходно премиерот Зоран Заев рече дека „лажги со опашки“ било тврдењето на Милошоски дека прамиерот на лидерска рекол дека за десетина дена Јанева ќе биде пуштена во домашен притвор.