Резултатот од првиот круг од локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ покажа дека исходот од првиот круг од локалните избори покажува дека тоа добра основа за успешен тренд и изборни успеси и во вториот изборен круг, оцени во синоќешната дебата на Алсат М, преатеникот Антонијо Милошоски.
„Резултатот од првиот круг од локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ е успешен и победнички. Освојувањето на 22 општини во првиот изборен круг, од кои што пет општини во градот Скопје, а исто така општини како Пролеп, Велес, Штип, Илинден, Свети Николе и други ни дава за право да сметаме дека ова е поволем тренд кој што дава добра основа за успешен тренд и изборни успеси и во вториот изборен круг“,рече Милошоски.
„Она што е конечно во првиот изборен круг, конечни се бројките за советници. Задоволни сме што ВМРО-ДПМНЕ и нашата коалиција на ниво на цела Македонија освоија 291 илјада гласови, наспроти оние на СДСМ од 238 илјади гласови, односно имаме предност од нешто повеќе од 52 илјади гласови пред главниот политички соперник. И ако се додаде тука и градот Скопје, каде што ВМРО-ДПМНЕ има 26 илјади гласови предност пред коалицијата на СДСМ“, истакна Милошоски.
Тој потенцираше дека токму овие бројки и изборни резултати се доказ дека власта предводена од СДСМ ја губи довербата на граѓани на локално, но и на централно ниво.
„Затоа цениме дека ова е веќе порака дека власта ја губи довербата на локално ниво, а сметам дека тоа се одразува и на централно ниво“, посочи пратеникот Милошоски.
