Милошоски со поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонијо Милошоски, на Твитер сподели дека Македонија безрезервно го поддржува територијалниот интегритет на Украина и апелира ситуацијата да се реши по пат на дипломатија.

“Македонија безрезервно го поддржува територијалниот интегритет на Украина, како членка на ОН, ја споделува позицијата на ЕУ, базирана на меѓународното право. Наместо ескалација на конфликтот неопходни се дипломатски напори за преговори врз основа на обврските од Договорот од Минск” објави на Твитер