Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 обвини дека Антонио Милошоски, преку Комисијата за надворешни во Собранието прави опструкции при изборот на амбасадори.
На оваа изјава реагираше и Милошоски кој вели дека владината фрагментираност е сама по себе опструкција за македонската дипломатија, а за тоа најдобро сведочи празната амбасада во Вашингтон, каде Македонија за прв пат од самостојноста цели 4 години нема свој амбасадор.
„Штетата по нашата дипломатија е уште поголема со чинот што во 2021 беше предложен амбасадор за кого САД вербално ни укажаа дека истиот го сметаат за неподобен, а тоа е сериозен фаул“, додава Милошоски.
