Пратениците од СДСМ и ДУИ ја напуштија денешната собраниска Комисија за надворешна политика на која ВМРО-ДПМНЕ побараа да се разгледува Декларацијата за Гоце Делчев.
„…за жал присутните колеги од СДСМ/ДУИ побегнаа, за седницата да нема кворум и да не може да се гласа“ објави пратеникот и претседател на Комисијата, Антонио Милошоски.
„Ќе ги почекаме, има време до Илинден“, напиша Милошоски на Фејсбук.
