Шефот на собраниската комисија за надворешни работи реагира на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој одговарајќи на прашање за испраќањето на ТВ презентерка за конзул изјави дека пред една деценија се испраќале несоодветни кадри во дипломатијата.
Милошоски во реакцијата до Османи вели дека ,,спинувајќи со дипломатски именувања од пред 10 години министерот Османи имплицитно признава дека само пред 10 дена именувањето на генералните конзули во Чикаго и Њујорк биле спротивни на членот 49 од законот за надворешни работи”.
Милошоски се уште очекува Османи да се појави во комисијата и да даде отчет за новите именувања.
,,Битно е да се знае Кога Османи ќе го покаже пред јавноста записникот од затворените седници на кои се донесени незаконитите одлуките за генералните конзули во Чикаго и Њујорк и дали некој актуелен функционер ќе понесе одговорност или пак Наќе е крив?”, порачува Милошоски.
На прес конференција Османи изјави дека согласно закон министерот е задолжен до 1/4 амбасадори да ги прати како дипломати од кариера, додека другите може да бидат политички решенија, кои обично се афирмирани лица.
Тој додава дека во претходните години биле испраќани луѓе кои претходно работеле во фирми за лекови, чоколади, детски градинки.
„Конзул во Солун а потоа и амбасадор бил директно земен од фирма за лекови. Генерален конзул во тој период преземена од детска градинка. Генерален конзул во Торонто со Факултет за физичка култура преземен од Агенција за млади и спорт. Амбасадор во Загреб имал Факултет за шумарство, а претходно управител на старечки дом. Амбасадор во Абу Даби, претходно бил вработен во фабрика за чоколадо. Амбасадор во европска земја, претходно искуствопридружба на сопруг-амбасадор. Амбасадор во Анкара бил преземен од Македонски пошти“, вели Османи.
За Османи, неоправдано се напаѓа дипломатијата, а откако тој сакаше да прати презентерка за конзул во САД.