Милошоски: Насилник врз жена не смее да биде пратеник!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, го поддржува Законот за спречување и заштита од насилство врз жените, но смета дека нормата за извршено насилство врз жена треба да се воведе како критериум и во други закони, особено во законите за избор на градоначалници, пратеници, министри или други виисоки функции.

„Ова го кажувам затоа што за жал меѓу нас во Собранието имаме колега пратеник кој што извршил силување на жена, казнет е за тоа, а сепак е на една висока функција. Името нема да го споменувам за на жртвата да и се будат било какви лоши спомени. Сметам дека Клубот на пратенички треба да изготви амандмани и да се постави критериум каде што човек кој што извршил родово базирано насилство, силување или друг вид на ваков сличен деликт да не може да биде кандидат за висока државна функција“, нагласи Милошоски.