Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на фејсбук реагира на информацијата дека наводно е реализирана голема зделка со марихуана на земјава со Лесото.
„Македонија станува трговска нарко-база на Балканот. Вчера е објавена вест за голема зделка со марихуана вредна околу 85.000.000 долари, меѓу Лесото и Македонија. Лесото е мала, корумпирана, сиромашна земја во јужна Африка, чија влада ги контролира плантажите со канабис. Лесото не е членка на ЕУ, но овој бизнис носи толку многу суви пари за фамилијата на власт што ја објаснува намерата на Зоран Заев и Венко Филипче да предложат Закон за увоз-извоз на (опојна дрога) сува марихуана со ЕУ знаменце“, напиша Милошоски.
Според него, на владата и е побитно да тргува со опојна дрога за профит на мала група функционери, наместо да создаде услови за странски и домашни модерни инвестиции за развој на економијата.