По „твитот“ на пратеникот Антонијо Милошоски до Јоханес Хан во кој се жали дека тој лично имал закани доколку гласа за уставните промени, одговарајќи на повикот на еврокомесарот да се пријават ваквите случаи, откриено е дека Милошоски – лажел.

Екипа на „ТВ21“ на терен утврдила дека пратеникот мамел бидејќи баба му била умрена.

„Господине Хан, ако го поддржам пропаднатиот референдум и неуставниот договор, баба ми ми се закани со зборовите „главата нема да си ја најдеш на рамена“. Ве молам кажете ми во која ЕУ институција треба да ги пријавам заканите и да побарам заштита од баба ми“, му напиша Милошоски на „Твитер“ на Јоханес Хан.

Очигледно дел од македонските новинари не чуле за зборот иронија или сарказам.