„За документите кои се однесуваат на Македонија, владата нема право истите да ги крие од јавниста, туку има уставна и морална обврска да прифати и да учествува во собраниска расправа“, му порача пратеникот Антонио Милошоски, кој е и претседател на на Комисијата за надворешна политика во Собранието, на премиерот Димитар Ковачевски од кој побара да ги достави до Собранието двата документи за Бугарија.

„Како претседател на Комисијата за надворешна политика барам од Вас во текот на денешниот ден да им ги доставите на пратениците во Собранието двата документи кои што ги имате во Вашиот кабинет. 

Прво, Протоколот кој се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија кој е изработен и усогласен со учество на владинби пртетставници од македонија и Бугарија и 

Второ, Преговарачката рамка која ви е доставено од француското ЕУ-претседателство и во која билатералните спорови се утврдени како дел од условите за добивање за датумот за преговори.

„По доставувањето на овие дба битни документи, уште утре би одржале седница на Комисијата за надворешна политика, бидејќи задутре, кога се одржува седницата на Советот на ЕУ, може да биде и предоцна.

Седницата на Комисијата, заради големниот интерес, предлагам да биде отворена за јавноста, но согласно Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, Вие имате право да побарате истата да има и затворен карактер.

Право е на Бугарија да си одлучи да дискутира за темната Македонија во нивното Собрание, но за Владата и за Собранието во Македонија ваквата расправа во претставничкиот дом на граѓаните е уставна и моралчна обврска бидејќи се работи за нашата држава“, се вели во дописот од Милошоски до премиерот Ковачевски.