Антонио Милошоски, единствен од 120. пратеници во сегашниот собраниски состав што јавно најави дека ќе го бојкотира референдумот за договорот Заев-Ципрас, му реплицира на бившиот претседател на МАНУ, Владо Камбовски, според кој секој што ќе организира бојкот на плебисцитот може да биде кривично гонет.

„Погазен е Уставот, референдумот е незаконски, Владата прави кривично дело со трошење средства за кампања, а за бранителот на вербалниот деликт и слугата Јернеј на оваа било казниво што ќе и организирам. Професоре, Милошевиќ одамна не ти е достапен на телефон!“, му порала преку „Твитер“ пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи на Македонија на министерот за правда во Владата на Анте Марковиќ во некогашна СФР Југославија.