Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски, вчера на Фејсбук го коментираше неизборот на Димитар Димитров за член на новата влада.
Димитров – камелеон без датум и без место во владата, вели Милошоски за досегашниот вицепремиер за евроинтеграции и претходно шеф на македонската дипломатија, потписник на Преспанскиот договор и
„Воден од принципите на кариеризмот, Никола Димитров 5 години ја играше улогата на дипломатска фасада на владата на СДСМ и ДУИ, за возврат на добиената фотеља, статус и повластици. Пред странската јавност се трудеше да ги затскрива владините девијации и институционалниот рекет говорејќи за реформите кои никаде не се случија.
Пред домашната јавност упорно манипулираше со најавата на датумот за преговори со ЕУ, кој никогаш не се случи. Пред шефот и со шефот беше спремен да се фотографира во сите пози само за да ја задржи позицијата на корисен политички камелеон:
- -го сликаше Заев со Трамп и поздравот од 2 секунди го пласираше како средба
- – се сликаа полуголи на одмор- се фотографираа и со сопругите на ранчот во Струмица, возејќи квадрицикли- и се разбира, Димитров успеа да има најширока насмевка на легендарната фотографија од авиончето кога заедно со Заев, Бујар и Анѓушев лажеа дека сме го добиле датумот кој сеуште го немаме.
- За 5 години функција го продаде и достоинството на народот, суверенитетот на Уставот и придавката македонски само со еден потпис, додворувајќи му се на шефот да биде кандидат за претседател на државата.
- СДСМ објави дека во новата влада нема да има место за овој политички камелеон, со тоа индиректно признавајќи го неуспехот и на Димитров и на целата влада во дипломатијата и во европските интеграции, без членство во ЕУ, а со многу понижувања и манипулации за народот.На крајот од празната фраза на Димитров “ќе не’ биде” остана само ЌЕ, а од ветуваното членство во ЕУ останаа само фотографиите во мини Шенген“ напиша Милошоски на Фејсбук.
