Во јуни 2018 година се појави легендарната фотографија со која квартетот Заев-Бујар-Димитров-Анѓушев ги излажа македонските граѓани дека е добиен датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, а денеска, три години подоцна, разликата е што го нема Анѓушев, го нема датумот, но тука е легендарната фотографија од триото, напиша на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Денеска во Софија триото Заев-Бујар-Димитров ќе се обиде да ја релативизира сопствената манипулација од 2018 година. И нема да е изненадување ако нивната неспособност се обидат да ја компензираат со пазарење на историското наследство на Македонија, бидејќи вчера пратениците на СДСМ избегаа од комисијата за надворешна политика и не сакаа да се изјаснат за предложените заклучоци за ЕУ и Бугарија“, напиша Милошоски.

ФБ статус.