Милосављевиќ со предлог како репатрираните терористи од ИСИС да се вратат во Сирија и Ирак

Новинарот на ТВ Алфа Драган Милосављевиќ на свој начин бара решение за четворицата терористи на ИСИС кои заедно со 5 жени и 14 деца завчера владата ги врати во Македонија.

“Мој предлог за нехумано постапување со ИСИС ликовите што ги враќаат тука на рехабилитација и ресоцијализација. Да им се даде како обврска секојдневно да ги читаат и слушаат извештаите на Поликлинико, Џабир и Сашо О., за успесите на Владата, да им толкуваат процеси Тричко и оној Кутриот избрканиот од МИА, па да им прогнозираат иднина Петар и Павле со исто презиме, да слушаат хвалоспеви за Заев од Ерол и Ненад Ј.

Сето тоа две недели.

И да пијат многу течности, се разбира.

На третата недела ИСИС батките или ќе се обесат или ќе се вратат во Сирија и Ирак, таму можеби се пука и се сечат глави, ама барем нема да мораат да трпат најодвратни глупости!”, пишува Милосављевиќ кој смета дека ова би бил нехуман однос кон терористите на ИСИС.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10222458689248711&id=1613711024