Откако утрово В.Д. министерот за надворешни на Бугарија Николај Милков не се појави симната е од дневен ред точката по која тој требаше да биде сослушан во врска со физичкиот напад врз охриѓанецот Христијан Пендиковски и активностите на бугарското МНР поврзани со овој случај.

Министерот Милков не се појави да реферира за Пендиков пред бугарските пратеници

Од Милков се очекуваше да реферира и за други случаи поврзани со отворените бугарски клубови во Македонија, како и генерално за односите меѓу двете земји откако беше повлечен бугарскиот амбнасадор од Скопје.

Предлогот за ставање на оваа точка како трета на дневниот ред на денешната седница беше на барање на партијата Преродба и на собраниската комисија за политики за Бугарите во странство.

Потпретседателот на бугарскиот парламент Росен Жељазков на почетокот на седницата соопшти дека добиле допис од МНР дека поради службено патување на Николај Милков надвор од државата, дебатата мора да биде одложена.