Милион денари за Вардар од Општина Кисела Вода пред баражот со Скопје за Прва лига

Финансиска инјекција од еден милион денари ќе добијат фудбалерите на Вардар од скопската општина Кисела Вода пред баражот со Скопје за пласман во Првата македонска лига, објави вардаровата навивачка група „Комити“.

Вардар, како третопласиран во Втората лига, и Скопје, втор одзади во ПМФЛ по откажувањето на Ренова, ќе се судрат в недела од 17 часот на Градскиот стадион во Кавадарци, а победникот наесен ќе игра во најсилната фудбалска конкуренција во Македонија.

Дека најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија има иднина потврдија и кадетите на Вардар, кои денеска ја декласираа Шкендија со 4:1 во Кичево и го освоија Купот на Македонија.