Милевски: Групата е пеколно тешка, наше е да веруваме во себе

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, со први впечатоци од извлекувањето на квалификациските групи за Европското првенство 2024 во Германија.

„Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можеме да избереме. Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе”, изјави Милевски.