Милчин за урнатите споменици на Вапцаров и Неделковски: Уште колку ќе трпиме да ни ја ништат меморијата?!

Режисерот Владимир Милчин реагира за оштетените споменици и одземени бисти на поетите Никола Вапцаров и Коле Неделковски во скопскиот Градски Парк.

„Уште колку ќе трпиме да ни ја ништат меморијата?!“, прашува на Фејсбук поранешниот извршен директор на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.

Вапцаров е стрелан во Софија во 1942 година од тогашната фашистичка власт во Бугарија, а Неделковски претходната година ќе загине при обид на бугарската полиција да го уапси исто така во Софија.