Милчин за „разочараниот“ Заев за Мијалков: Му кажал некој дека зборот веќе не му крепи?

Режисерот и поранешен извршен директор на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“, Владимир Милчин, со директна порака до премиерот Зоран Заев по бегството на ексшефот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

„Му кажал некој дека зборот веќе не му крепи?“, реагира некогашниот член на претседателството на СДСМ за изјавата на сегашниот лидер Заев: „Разочаран сум. Ако не се пронајде Мијалков, ќе барам одговорност“.