Милчин до Заев: Да се гордееме а не да ги распродаваме идентитетот и јазикот

Екс шефот на соросовата фондација “Отворено општество” и режисер Владимир Милчин на својот фејсбук профил напиша пост со наслов: “ПРОТИВ ЗАБОРАВОТ” и побара некој да му го пренесе на Заев.

Милчин бара некој, најверојатно во Владата, да ги потсети Бугарите дека Георги Димитров ги признал и Македонците и македонскиот јазик и дека во Горна Џумаја (денес Благоевград) имало театар на македонски, а ширум Пиринска Македонија имало читални и библиотеки? И тоа траело до Резолуцијата на Информбирото!

“Тие што ме следат на ФБ би можеле да му кажат на Заев, па ќе му напишам детално. И уште нешто: Не ги измислил Тито Македонците во 1945-тата, со своите животи Мирче, Страшо, Кузман и да не редам понатаму, го овериле македонскиот идентитет и јазик, рака под рака со антифашизмот. Треба да се гордееме со тоа, а не да го распродаваме!”, пишува Милчин за Заев кој според последните бомби под контрола ја имал логистиката на невладините организации и фондацијата Сорос во Македонија.