Дијалогот деновиве се сведе на клетви и пцости… насилството врз неистомислениците почнува со закани, но завршува со физички напади, подметнати пожари – вели режисерот Владимир Милчин во интервју за „Фактор“.

Запрашан зошто интелектуалците молчат за целосната деградација на земјата и што се случи со слободната мисла во Македонија Милин вели дека не молчат сите.

„Не молчат сите. А тие што молчат, молчат поради разни причини. Некои молчат зашто се конформисти, некои се дефетисти, некои се поткупени, а некои се уморни. Некои се калкуланти, а некои се апологети.

Но, има и замолчани. Раката на власта во бескрајната транзиција се издолжи. Едноумието падна, безумието тропа на нашите порти.

Дијалогот се сведе на клетви и пцости, насилството врз неистомислениците почнува со закани, но завршува со физички напади, подметнати пожари… Фашизмот е на прагот“, вели режисерот Милчин во интервјуто.