Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ уште еднаш јавно се изјасни против обука на украински војници на хрватска територија.

Вели дека какво било вмешување во војната треба да биде избор на Хрватска, која не треба да го прави тоа бидејќи ѝ е наметнато од поголемите сили, пренесува N1.

„Вашингтон и НАТО водат прокси војна против Русија преку Украина. И обратно.

Меѓутоа, ако немате крајна цел, ако немате план, тогаш завршува како Авганистан“, рече Милановиќ.

„Планот не може да биде отстранување на Путин. Планот не може да биде санкции. Тоа е глупост.

Нема да постигнеме ништо.

Не го скршија ниту Милошевиќ со санкции. Тие одат од војна во војна. Што треба да бидеме? Американски робови?“, додаде тој.

Изјавата на претседателот Милановиќ е реакција на интервјуто на актуелниот хрватски премиер Андреја Пленковиќ кој за Франс 24 изјави дека одлуката на пратениците Хрватска да не учествува во мисијата на Европската унија за поддршка на украинската армија (ЕУМАМ) е „историски погрешен избор“.

„Плукате по хрватските претставници и хрватските граѓани во француските медиуми“, Вели Милановиќ и му порача на премирет:

„Никогаш не ги навредувајте демократските претставници на вашите граѓани и вашите граѓани во странски медиуми. Тоа е минимум бонтон“, вели Милановиќ.