Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, учествуваше на вонредниот состанок на шефовите на држави и влади на НАТО во Брисел.



Милановиќ на средбата зборувал и за падот на дронот во Загреб, а откри дека некои од лидерите не ни знаеле за настанот, пренесе „Дневник.хр“.

„Некои не знаеја, тоа беше очигледно од нивните изрази“, рече Милановиќ.

„Пораката беше дека тоа се случило и дека дронот летал извесно време над територијата на НАТО и паднал. Без вперување со прст кон никого. Зборував и со премиерот Орбан. Тоа се случи и се надеваме дека нема да се повтори.

Но тоа и не е работа на НАТО, на тоа требало да реагира првата држава, а тоа е Унгарија. Претпоставувам дека нема да се случи следниот пат. Мислам дека сега се дополнително внимателни“, додаде тој.