Милановиќ одби обука на украински војници во Хрватска

Канцеларијата на претседателот Зоран Милановиќ соопшти дека е одбиено писмото со кое се бара одобрување за обука на украинските војници во Хрватска, што министерот за одбрана Марио Баножиќ му го испратил на Милановиќ.

„Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, доби писмо од министерот за одбрана во кое бара негова претходна согласност на „Предлог одлуката на хрватскиот Сабор за учество на припадниците на вооружените сили на Република Хрватска во Мисијата за воена помош на Европската унија за поддршка на Украина“ (EU Military Assistance Mission – Ukraine – EUMAM).

Се работи за барање за согласност за учество на хрватски војници во мисија на Европската унија во која припадниците на хрватските вооружени сили требало да пружат помош во обуката на украинските војници, што неодамна крена бура во јавноста во државата и низа несогласувања и препукувања меѓу владата, парламентот и претседателот на државата.

„Со оглед на оправдано големиот интерес на хрватската јавност за најавеното учество на припадниците на вооружените сили на Република Хрватска во мисијата на ЕУ за воена помош за Украина, а воедно и нејасните и неаргументирани околности за учеството на припадници на вооружените сили на Република Хрватска во споменатата мисија, Кабинетот на Претседателот на Републиката ја известува јавноста дека писмото на споменатиот министер е несоодветно за постапување на Претседателот на Републиката“ се вели во соопштението од Кабинетот на Милановиќ, пренесе Индекс.хр.

Во соопштението опширно се објаснува зошто претседателот Милановиќ се противи украински војници да се обучуваат во Украина.
Милановиќ и претходно го имаше истиот став