Милановиќ: Ќе купуваме гас од сојузниците по тројно повисока цена

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, вели дека енергијата не е стока, туку ресурс кој гарантира безбедност, независност и сила и дека Европската унија во моментов е во ситуација кога ќе купува гас од САД „по три пати поголема цена“.

САД негираат декја профитираат од продажба на гас на Европа

Енергијата е клучно прашање во овој момент“ рече Милановиќ на отворањето на економскиот форум „Бизнисот се среќава со политиката – енергијата денес и утре“, во организација на Словенечко-хрватскиот бизнис клуб и словенечката амбасада во Хрватска. одржана во рамки на посетата на словенечкиот претседател Борут Пахор на Хрватска, пренбесува Индекс.хр.

Милановиќ рече дека Русија и САД, секоја на свој начин, не се случајно „две големи и неуништливи држави“.

„Тие се неуништливи затоа што имаат одредени технологии (…) и неограничени количини енергија за нивните потреби. Кина не е таа категорија“, тврди Милановиќ.

Долго време, Европската унија беше „под илузија“ дека ќе воспостави енергетски пазар, но со оглед на сериозната воена состојба, дојде до точка што ќе купува гас од својот сојузник, САД по три пати повисока цена.

„Тоа е сериозна воена состојба, посериозна од кога било во нашите животи. Дојдовме до заклучок дека ќе купуваме гас од сојузниците по тројно повисока цена. Тоа е факт. Тоа ќе чини пари“, рече тој.