Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, со остра критика за првиот вицепремиер Артан Груби, кој во објава на Фејсбук го цитираше „борецот за слобода“ Јакуп Асипи, оџа од Слупчане починат пред 15 години и близок соработник на челниците на ОНА во воениот конфликт во 2001 година.

„Груби е будала што не треба да биде ни близу до власт“, го коментира Мико статусот на првиот заменик на премиерот Зоран Заев во Владата:

„Понекогаш за да изградиш живот треба некој да умре. А оние кои умираат за другите да живеат, тие се најискрени од Бога. Ова е целта на војната.”
(Јакуп Асипи – борец за слобода)
Слава им на мачениците на нацијата

#2мај2001“, напиша Груби на првиот ден од православниот Велигден, кога водството на ДУИ во Слупчане одбележа 20-годишнина од воениот судир со македонските безбедносни сили.