Мијалков се соочува со уште една повеќегодишна затворска казна

По Таргет – Тврдина завршува и случајот „Трезор“, каде еден од обвинетите е поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков кој се соочува со уште една повеќегодишна затворска казна.

Во овој предмет на поранешното СЈО, обвинети покрај Мијалков се Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ. Тие се обвинети за незаконско прибавување на 820 илјади евра преку набавка на електронска комуникациска опрема од фирма од Велика Британија.

Големата сума пари од МВР, односно од државниот Буџет, легнала на сметката на фирмата „Финзи”, чиј сопственик Коста Крпач беше најден застрелан дома во април 2016, за време на предистражната постапка за незаконски присвоените 820.000 евра преку неговата фирма.

Денеска во Трезор беше сослушан последниот сведок на предлог на обвинителството, Ненад Јосифовиќ, еден од луѓето поврзани со оф-шор фирмите регистрирани во странство, а кои дел од обвинетите ги користеле во Македонија.

Обвинителството завршен збор за набавката на опрема за прислушување ќе го даде на 22 март додека одбраната на 29 март по што следува пресуда за случајот.

За денешното судење Сашо Мијалков по викендот во Шутка денеска бее спроведен на судењето за овој случај. Тој засега останува во притвор најмалку 60 дена.