Мијалков откри три досега непознати афери со прислушување

Во своето денешно сведочење како обвинет во предметот “Таргет – Тврдина” екс шефот на тајната служба – УБК Сашо Мијалков откри неверојатни сознанија за прислушување во Македонија.

Мијалков во обид да докаже дека УБК и тој не се одговорни за прислушување на илјадници граѓани откри фрапантни информации дека дури три системи за прислушување биле активни на територија на Македонија додека тој бил шеф на управата за безбедност.

Зборувајќи за израелската компанија која дошла во Скопје да презентира опрема за прислушување Мијалков вели дека биле утврдени три други опреми кои биле оперативни во моментот на презентацијата.

„Таа опрема може да лоцира и други системи кои во моментот прислушуваат. На презентацијата опремата потврди дека во истиот тој момент работат други 3 системи за кои тие мислеа дека е тактичката опрема на МВР. За жал тоа не беа системи на УБК”, изјави денеска ексдиректорот на УБК, кој се соочува со обвинение за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Досега ниту една државна институција не покренала процес за утврдување чии се трите опреми кои надвор од УБК прислушувале македонски граѓани.

Со оглед на тоа што ниту Обвинителството ниту Мијалков ниту неговите наследници не презеле мерки против сопствениците на трите опреми а тие не биле идентификувани и одземени, можно е дека тие се уште се функционални и се уште прислушуваат македонски граѓани.

Поврзано

Божиновски објави транскрипт од разговор меѓу Заев и Верушевски