Мијалков оди во Домашен притвор

Апелација ја прифати жалбата на Сашо Мијалков и затворскиот притвор го замени со домашен до правосилност на пресудата.

Поранешниот шеф на УБК е осуден на три години затвор за случајот „Титаник 2“ бидејќи побарал и издејствувал поништување на резултати на три гласачки места за време на изборите во 2013 година.

Во истиот случај, највисока казна, од четири и пол години затвор, доби тогашниот член на ДИК од партијата ДПА, Бедредин Ибраими, а лидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби три години и два месеци затворска казна.