Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков денеска се појави на на судењето за предметот „Титаник 2“, каде кривичното гонење за него застарува во април.

Мијалков во Кривичниот суд во Скопје дојде пешки во придружба на полицаец што предизвика недоумица и прашања кај присутните новинари дали е спроведен од затворот во Струга или дошол од хотелот „Мериот, јави А1Он.

Тој не одговори на тоа прашање а не даде ни одговор на прашање на А1Он, „како успеал да го надмудри целиот судски систем, и од 20 години затворска казна, сите пресуди да се укинат и да има само три“.

Мијалков на скалите во судот се сретна со Мендух Тачи кој е исто така обвинет за случајот, со кој се поздрави, по што заедно влегоа во судницата.

Откако во декември 2019 година Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата од Кривичниот суд со затворски казни, случајот „Титаник 2“ е одново во фаза на доказна постапка.

Мијалков требало да се појави на суд во петокот но тој не беше донесен од струшкиот затвор, за што директорот и Кривичниот суд разменуваа преписки дека никој од нив не е виновен.