Мијалков активно учествувал во свикување на конгресот на МК Мериот (ВИДЕО)

Адвокатот Петар Василев кој е бранител на екс шефот на УБК Сашо Мијалков знаел дека неговиот клиент бил активен во организирање на настанот кој неоформалната група позната како “Месен Комитет Мериот” го нарекува предвремениот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

“Познато ми е дека активно учествуваше во свикувањето на предвремениот конгрес на партијата”, вели Василев во одговор на прашањето на уредничката на емисијата Код на Телма Снежана Лупевска Созен која го прашува каква улога имал Мијалков во овој процес и какви се последиците по неговото заминување во затвор.

Василев во изјавата вели дека нема детали за неговиот политички ангажман но дека знае за активното учество на Мијалков во процесот што се смета за обид за симнување на Христијан Мицкоски од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ.

Целата емисијата Код на овој линк